Утрински Весник
Свет

Путин го честиташе Денот на победата: Наша заедничка должност е да го спречиме заживувањето на нацизмот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, во пресрет на прославата на Денот на победата, изјави дека заедничка должност на сите е да го спречат заживувањето на нацизмот, кој им донесе толку многу страдања на луѓето.

– Неопходно е да се зачува и пренесе на нашите потомци вистината за настаните од воениот период, заедничките духовни вредности и традицијата на братскиот народ – рече тој, пренесе Телеграф.

Путин ја искористи приликата да им ја честита годишнината од победата во Втората светска војна на лидерите на ЛНР и ДНР.

Тој им честиташе на Украинците и Грузијците за овој важен празник за многу земји.

Можете да прочитате

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела