Утрински Весник
Свет

Берлин ги забрани украинските и руските знамиња за Денот на победата

Полицијата во Берлин забрани истакнување на руски и украински знамиња на спомениците од Втората светска војна за време на комеморацијата на годишнината од крајот на Втората светска војна, јавува Би-би-си.

Забранети се и знамињата на самопрогласените проруски републики Доњецк и Луганск, како и руските воени симболи „З“ и „В“. Тие знамиња и симболи не смеат да бидат истакнати утре и во понеделник, соопшти берлинската полиција.

Амбасадорот на Украина во Германија, Андриј Мелник, е лут поради забраната, за која рече дека на ист начин ги третира жртвата и агресорот во руската инвазија на Украина.

„Шокирани сме од фактот што берлинската полиција забрани истакнување на украински знамиња на 8 и 9 мај. Тоа е шлаканица за Украина и украинскиот народ“, рече Мелник.

Русите победата над нацистичка Германија ја слават на 9 мај, додека оваа годишнина во Западна Европа се слави на 8 мај.

Можете да прочитате

ИРГЦ: Во случај на обновување на судирите, Иран ќе открие оружје што ќе го изненади целиот свет

Трамп најави „најголем американски воздушен саем во светот“

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд