Утрински Весник
Македонија

Две деца на мотор со тешки повреди завршија во болница по судир со автомобил

Синоќа во Свети Николе дошло до несреќа помеѓу мотор и автомобил, пришто две деца кои биле на моторот завршија во болница со тешки повреди.

„На 06.05.2022 во 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека на ул.„Кочо Рацин“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фиат пунто“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Х.А.(21) од с.Горобинци, светиниколско и мопед со радовишки регистарски ознаки, управувано од малолетник од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и уште еден малолетен сопатник констатирани во Клиничката болница во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе“, информираа од МВР во дневниот билтен.

 

Можете да прочитате

Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза

Премиера на монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески – роден су од камен“ во Галичник

МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Викендов ни следува нов продор на топол воздух од Африка!