Утрински Весник
Македонија

СДСМ да се вразуми и да прифати да се договори датум за предвремени избори, бара опозицијата

ВМРО-ДПМНЕ и утрово порача дека СДСМ треба да се вразуми и да прифати да се договори датум за предвремени избори.

Според опозициската партија над 75 отсто од граѓаните сметаат дека Македонија се води во погрешна насока.

„Тоа е резултат на неспособноста, неодговорноста и криминалот на оваа власт на СДСМ и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ повторно подава рака во интерес на граѓаните и државата. Затоа бараме СДСМ да се вразумат и да прифатат да се договори датум за предвремени парламентарни избори, а до тогаш да вклучат тимови од експерти да помогнат во изнаоѓањето на решенија за кризите и проблемите кои им тежат на граѓаните. СДСМ треба да покажат доблест и интересите на граѓаните да ги стават пред нивните тесни партиски интереси и желбата за гола власт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Осма жртва од западнонилска треска

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје