Утрински Весник
Спорт

Еурофарм Пелистер казнет со 60.000 денари, шестмесечна суспензија за судиите Седлоски – Ангелески

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер доби парична казна од 60.000 денари за пропусти во организацијата на дерби натпреварот против Вардар во минатото коло. На овој дуел имаше проблеми со навивачите на двата клуба, а мораше да реагира и полицијата.

Во билтенот на РФМ е наведена и суспензија за судиската двојка Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Тие се суспендирани на шест месеци. Двајцата беа делегирани на дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш, кој заврши без победник (25:25).

По оваа средба парична казна од 20.000 денари заработи и ракометарот на Тиквеш, Никола Стефановиќ.

> Еурофарм Пелистер казнет со 60.000 денари, шестмесечна суспензија за судиите Седлоски – Ангелески <

Можете да прочитате

ФИФА отвори истрага против Аргентина

Нереди во Аргентина по финалето на СП, десетици уапсени

Шпанија е светски шампион – Аргентина падна во големото финале