Утрински Весник
Свет

Кремљ: Варшава може да биде извор на закана за Русија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на денешниот брифинг со новинарите изјави дека „непријателската реторика доаѓа од Полска“ и дека „Варшава може да биде извор на закана за Русија“.

Песков ова го изјави по повикот на Полска до Европската унија да ги заостри санкциите кон Русија и НАТО дополнително да ја вооружи Украина.

Претходно оваа недела полската министерка за животна средина и клима, Ана Москва, рече дека „Полска е горда што е на листата на непријателски земји на Путин“.

Песков рече и дека не знае дали на 9 мај во Мариупол ќе се одржи парада во спомен на победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна.

– Ќе дојде време да се одбележи Денот на победата во Мариупол, рече тој, пренесе српскиот портал Курир.

Можете да прочитате

Израел го нападна јужен Либан, најмалку четворица мртви, 20 повредени

Иранска Гарда: погодивме американски носач на авиони и разурнувач

Германија најголем производител на пиво во ЕУ во 2025