Утрински Весник
Култура

Првата детска апликација за слушање и читање книги наскоро во Македонија

Тимот на Ретинг од Скопје ја развива првата македонска детска мобилна апликација за читање и слушање книги – Boksy!

Апликацијатa е наменета за деца од 6 до 14 години. Во неа ќе бидат голем број книги за деца на македонски, англиски и албански јазик од македонски и странски издавачки куќи кои ќе можат да се читаат или слушаат како аудиокниги на мобилните уреди. Покрај книги, апликацијата ќе содржи бројни едукативни квизови, дневни и неделни предизвици, креирање  сопствени аватари, како и можност за натпреварување со други дечиња и освојување  уникатни награди за оние коишто најмногу читаат.

„Ние сакаме љубовта кон читањето кај децата да започне со Boksy. Мисијата на Boksy е да се промовира читањето на книги помеѓу децата, на нов, забавен начин, соодветен на трендовите од новата дигитална ера. Сакаме времето кое децата го поминуваат пред екраните да биде искористено квалитетно. Идејата е децата да можат да најдат книги за секое ниво, на која било тема, погодни за читање или слушање на кое било место и во кое било време од денот – во една апликација“, велат Димитар и Ивана од Ретинг, компанијата која ја развива оваа мобилна апликација за деца.

Развојот на мобилната апликација Boksy е поддржан од Фoндот за иновации и технолошки развој. Апликацијата ќе биде достапна на македонски јазик, ќе може да се користи на телефон и таблет и ќе може да се преземе од App Store & Play Store. Мобилната апликацијата се планира да биде достапна за македонскиот пазар до крајот на летото.

На овогодишниот Саем на книгата кој се одржува од 3 до 9 мај во Арената „Борис Трајковски“, сите посетители ќе можат да се запознаат со тимот кој работи позади оваа иновативна апликација, како и да добијат подобра идеја за сите бенефити и карактеристики на апликацијата, преку посета на уникатно-брендираната количка за кафе пред влезот на Арената.

Повеќе информации за апликацијата ќе бидат достапни наскоро на веб-страницата www.boksy.mk.

Текстот Првата детска апликација за слушање и читање книги наскоро во Македонија е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“