Утрински Весник
Македонија

(Видео) Георгиевска: Собранието треба да носи ефикасни решенија за граѓаните, а не да биде алатка за уцени

Најавата за нови блокади на Христијан Мицкоски е најнеодговорниот чин во време на најголема економска и енергетска криза после Втората светска војна, рече на денешната прес-конференција Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Таа нагласи дека Собранието треба да носи брзи и ефикасни решенија за граѓаните и заштита на нивниот стандард, а не да биде алатка за уцени и за деструкција.

„Ваковото деструктивно однесување на штета на граѓаните не е нешто ново од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

Две години од страна на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата се блокирани 70-тина закони кои се во интерес на граѓаните и носат придобивки.

Како што знае и целата јавност речиси една година е блокиран Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта кој обезбедува повисоки плати за сите наставници.

За да го спречат овој Закон, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ на седница на матичната комисија се закануваа и со физичко насилство.

Речиси и да нема сектор каде ВМРО-ДПМНЕ со опозицијата не блокира законски решенија, на штета на државата и граѓаните“, посочи Георгиевска.

Претставничката на СДСМ нагласи дека пратениците се народни избраници и треба да работат за граѓаните кои им ја дале довербата, од кои земаат плата, а не, како што кажа, да исполнуваат нарачки на претседател на партија.

„СДСМ има план како да се спротивстави на овие блокади. СДСМ е на страната на граѓаните и уцени не прифаќаме. Како пратеничка група, заедно со коалициските партнери, ќе ги искористиме сите уставни и деловнички механизми за да ги надминеме блокадите на опозицијата и да обезбедиме функционално Собрание“, посочи Георгиевска.

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР фрли над 40 тони вода врз пожарот во Дојран

Детето сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истражна постапка за таткото од Ново Село

Деца државјани на Велика Британија го запалиле пожарот кај Стајковци