Утрински Весник
Свет

САД нудат безбедносни гаранции на Шведска и Финска при евентуално членство во НАТО

САД се убедени дека можат да ги решат сите безбедносни проблеми што би можеле да ги имаат Шведска и Финска во однос на членството во НАТО, велат од Белата куќа.

„Убедени сме дека можеме да најдеме начини да ги решиме сите проблеми што би можела да ги има која било од овие две земји во периодот меѓу барањето за членство во НАТО и формалниот пристап кон оваа организација“, изјави на прес-конференција портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, пренесува Ројтерс.

Шведска и Финска се загрижени дека во текот на процесот на аплицирање, кој може да потрае една година, бидејќи е потребна согласност од сите триесет членки на НАТО, не би можеле да се одбранат од можните обиди на Русија да ја загрози нивната безбедност.

Шведска и Финска се очекува овој месец да одлучат дали ќе аплицираат за членство во НАТО, според Ројтерс.

Шефицата на шведската дипломатија Ен Линде по состанокот со американскиот државен секретар Ентони Блинк во средата изјави дека добила безбедносни гаранции, но не наведе никакви детали.

Шведскиот министер за одбрана минатиот месец рече дека членството во НАТО може да предизвика голем број руски одговори, вклучително и сајбер напади и хибридни мерки – како што се пропагандни кампањи – чија цел е да ја поткопаат безбедноста на Шведска.

Можете да прочитате

Северна Кореја одбележува 77 години од основањето со повик за единство и самостојност

Кац: Газа ќе биде срамнета со земја доколку Хамас не се предаде и не ги ослободи заложниците

Француската опозицијата го собори премиерот, целта е Макрон