Утрински Весник
Македонија

Имаме план за справување со блокадите на опозицијата, тврди Социјалдемократскот сојуз

СДСМ има план како да се справи со блокадите од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат дека најавата за засилени блокади на Мицкоски е најнеодговорниот чин во време на најголема економска и енергетска криза после Втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи и ефикасни решенија за граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокира неколку десетици закони во интерес на граѓаните меѓу кои и Законот за Клиничкиот центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата. Ваквото деструктивно однесување на штета на граѓаните не е ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. СДСМ, парламентарното мнозинство досега наоѓале начин за надминување на блокадите, така ќе биде и сега“, велат од СДСМ.

Партијата на власт уверува дека заедно со граѓаните нема да дозволи „ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски државата да ја држат во заложништво заради лични и партиски интереси“.

Можете да прочитате

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Мицкоски со синовите во Будимпешта на покана од Орбан, ќе ја гледаат утакмицата со Роналдо

Македонски туристи во кошмар: Автобусот од Истанбул постојано чади, сите се молат да стигнат живи