Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден мотоциклист кој излетал од булевар во Аеродром

Утрово околу 01.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „АСНОМ“ мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(33) од Скопје, излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Т. констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Залутан куршум погодил возило на Финец кај Бит Пазар

Уапсени 12 возачи кои возеле без положен возачки испит