Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нема да дозволиме блокадите нарачани од Груевски да ја закочат државата

Христијан Мицкоски најавува нови засилени блокади во време на најголемата економска и енергетска криза по втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи и ефикасни решенија за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го блокираат Собранието заради лични и партиски интереси на штета на граѓаните и државата, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата додаваат дека Законот за Клиничкиот центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијта се само дел од законите во интерес на граѓаните кои ВМРО-ДПМНЕ ги блокира во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ се противеше на покачувањето на минималната плата, се противеше и на воведување поврат на ДДВ за физички лица, беше против петтиот пакет финансиска помош за граѓаните и компаниите, блокираше средства од Светската банка за борба против пандемијата.

Мицкоски никогаш не се интересирал за кој било проблем на граѓаните, посветен е само на партиската фотелја во ВМРО-ДПМНЕ и својата политичка агенда.

Со најавите за засилени блокади, Мицкоски не го блокира СДСМ ниту Владата. Со ваквото деструктивно однесување Мицкоски нанесува штета единствено на граѓаните.

СДСМ како одговорна, државотворна партија, нема да дозволи уцените и деструкциите на Мицкоски да нанесат штета врз државата и граѓаните, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

ВЛЕН:Лагите на Бујар не ја кријат неговата вина

ОДИХР со 14 набљудувачи од утре почнува со следењето на Локалните избори 2025

ДУИ: Дали во февруари 2025 во Општина Куманово имало средба меѓу Изет Меџити и Александар Вулин за српска инвестиција во „Битолска Банка“