Утрински Весник
Македонија

Приведени двајца крадци во Куманово, одземеното вратено на сопственикот

Синоќа во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода М.И.(30) и Е.И.(34) од Куманово.

Тие се сомничат дека минатата недела со употреба на сила влегле во објект на улицата „Димитар Влахов“ и одзеле повеќе предмети.

Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари

Прекини на електрична енергија утре во дел од Тетово