Утрински Весник
Македонија

Казни за 150 возачи во Скопје, 34 за брзо возење

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден биле изречени вкупно 150 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 34 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла).

Изречени биле и четири мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, шест санкции за користење на мобилен телефон, пет мерки за возење под дејство на алкохол, 44 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Филков пред амбасадорите на ЕУ: Најобемниот реформски циклус во правосудството е веќе реалност

МЗ: Сите хируршки сали на Клиничкиот центар работат непречено, нема одложување на операции

Штипјанец се обидел да ѝ ја запали куќата на бившата партнерка