Утрински Весник
Свет

(Видео) Четири лица повредени во торнадо во Канзас кое носело се пред себе

Повеќе од 1.000 куќи биле оштетени, а четири лица се повредени во страшното торнадо кое ја погодило американската држава Канзас на 29 април, јавуваат американските гласила.

За степенот на уништувањето и моќта на торнадото сведочи видео од дрон што се појави на социјалните мрежи, снимено во градот Андовер.

Според „Акјуведер“, торнадото траело 21 минута и за тоа време поминало околу 20 километри.

Шефот на противпожарната служба во Андовер, Чад Расел, изјавил дека од 300 до 400 куќи биле целосно уништени а вкупно 1.074 куќи биле оштетени.

Можете да прочитате

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд

Маж уапсен со оружје во близина на Белата куќа по наводна закана кон Трамп

САД нудат награда од 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма