Утрински Весник
Свет

Нема извинување – Русите се огласија по изјавата на Лавров

Руското МНР не се извини за изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за „Хитлер кој имал еврејска крв“, но најави дека продолжиле со дипломатскиот напад врз Израел.

„Го свртевме вниманието на неисториските изјави на израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид, кој во голема мера го објаснува фактот дека актуелната израелска влада продолжува да го поддржува неонацистичкиот режим во Киев“, објави руското Министерство за надворешни работи на Твитер.

Рускиот министер за надворешни работи во интервју за италијанска телевизија во неделата изјави дека нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер има еврејски корени, додавајќи дека „најжестоките антисемитисти обично се Евреи“.

Следеше жестока реакција на Израел. Шефот на дипломатијата на земјат, изјавата на Лавров ја нарече „непростлива и скандалозна“, а на разговор беше поканет и рускиот амбасадор во Израел.

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа