Утрински Весник
Македонија

Арсовски: Ковачевски често се дружел со функционерите од ВМРО-ДПМНЕ кои сега ги обвинува

Хипокризија е обвинувањето на Димитар Ковачевски за криминални проекти, кога често и непосредно се дружел со тогашните функционери, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски по објавеното видео на кое се гледа дека премиерот бил присутен во салата на отворањето на Македонскиот народен театар.

Арсовски рече дека Ковачевски не само што учествувал во настани поврзани со Скопје 2014, туку бил често друштво на тие кои ги обвинува за криминал.

„Архивските снимки кои ги виде целата јавност, медиумите, ги видоа сите, можеше и сам да ги види да се потсети што правел пред неколку години и архивските фотографии го потврдуваат сето она кое што го говориме. Видно задоволен, можеби најрадосен за отворањето на проектите од Скопје 2014, во првите редови секогаш никогаш позади, Ковачевски уживал во друштвото со тогашните функционери, се смеел, аплаудирал и уживал. Едноставно му одговарало да биде помеѓу нив. Човек при вакви видеа и слики да помисли дали Ковачевски потоа со денови не си дека раката не си ја миел само за да го држи истото чувство откако се гледал со истите луѓе кои сега ги нарекува криминалци“, рече Арсовски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, објаснувањето на СДСМ дека тој е само директор на компанија во тоа време, не држат затоа што имало и многу други директори, но никој како Ковачевски не бил толку често и толку непосредно и толку блиску до функционерите на власта. Веројатно затоа што друштвото му одговарало, а ова сега што го кажува е само хипокризија, додаде Арсовски.

 

Можете да прочитате

Најавен дожд и пад на температурите од 10 степени, еве кога се очекува

ЦУК: Пожарот кај Чучер надвор од контрола, нов пожар во Кучевиште во близина на куќи

Огнот беснее на повеќе локации: Осум активни пожари во земјата до 18 часот