Утрински Весник
Свет

Украинците тврдат дека е ранет еден од главните команданти на Путин

Вaлери Герасимов, еден од главните команданти на руската армија, наводно бил ранет во Украина.

Веста за наводното ранување ја објави германски „Билд“, повикувајќи се на украински медиуми и официјални претставници. Информациите не се независно потврдени.

Герасимов (66) наводно бил погоден од шрапнел во десната нога. Нема опасност по неговиот живот, се додава во извештаите. Веста за ранувањето на Герасимов ја објави и поранешниот украински министер за внатрешни работи, Арсен Аваков.

Повредите, пишува „Билд“, се случиле во близина на градот Изум во саботата. Во истиот напад на командниот центар на руската армија, според советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, загинале неколку високи руски воени службеници.

Герашченко не пишува за ранувањето на Герасимов, но вели дека се знае дека бил таму.

 

 

Фото: Валери Герасимов (лево) до рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот