Утрински Весник
Спорт

Лацио во меч со седум голови ја победи Специја

Лацио победи во Специја со 4:3 во последниот натпревар од саботната програма во Серија А.

Исклучително драматичниот меч го реши дефанзивецот на Лацио Ачерби, со брилијантен гол во последната минута. Лацио успеа да победи и покрај тоа што два пати губеше 2:1 и 3:2.

Лацио сега има бод и натпревар повеќе од Рома на петтото место на табелата, Специја остана на 16.место со 33 бода.



> Лацио во меч со седум голови ја победи Специја <

Можете да прочитате

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026

Легендарниот аргентински бек стави крај на репрезентативната кариера

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен