Утрински Весник
Спорт

„Граѓаните“ победија во Лидс, експресно се вратија на првото место во Премиер лигата

Dik 300x250 mk

Фудбалерите на Манчестер сити го победија Лидс јунајтед со 4:0 на „Елан роуд“ и се вратија на првото место во Премиер лигата. Манчестер сити на четири кола до крајот на сезоната имаат бод повеќе од Ливерпул. Лидс јунјатед до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок.

Манчестер сити без многу ризик влегоа во натпреварот со Лидс. Го диктираа ритамот но без вистински притисок кон голот на Лидс. Сепак, успеаја први да постигнат гол, Родри со глава погоди во 13.минута.

Во финишот на првиот дел се повреди играчот на Лидс, Далас. Впечаток е дека му претстои подолга пауза.

Вторито гол „граѓаните“ повторно го постигнаа од прекин. Најснаодлив пред голот на Лидс во 58.минута беше Аке.
Во финишот, лидерот само го зголеми триумфот со головите на Габриел Жесус и Фернандињо.



> „Граѓаните“ победија во Лидс, експресно се вратија на првото место во Премиер лигата <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата