Утрински Весник
Македонија

Врховниот суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Врховниот суд му ја потврди затворската казна од година и пол на поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Насилство во Центар“.

Всушност, судот го отфрли неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата.

„Врховниот суд постапувајќи по барање на осудениот Никола Груевски, поднесенo преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје и пресуда на Апелациониот суд Скопје, во јавноста позната како ‘Насилство во Општина Центар’, донел решение со кое барањето се отфрла како недозволено“, информираат од судот.

Од таму додаваат дека на сила останува казната одредена со правосилната пресуда.

„Согласно провостепената пресуда од 29.09.2020 година, барателот за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е огласен за виновен и осуден на казна затвор во трење од 1 година и 6 месеци за кривично дело насилство, која пресуда беше потврдена со пресуда на Второстепениот суд од 10.09.2021“, велат од судот.

Можете да прочитате

 Премиерот од Давос на низа средби со државни и бизнис делегации

Застаре уште едно кривично дело против поранешниот премиер Груевски

Муцунски: Нашата цел е да бидеме модерна држава со силни институции и силна економија, партнер на САД и најподготвена кандидатка за членство во ЕУ