Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави за четири крадци кои извршиле кражби во Штип

Синоќа, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Штип расчистија пет кривични дела извршени на подрачјето на град Штип и тоа; кривично дело „одземање моторно возило“ за кое се осомничени С.Р.(21) и малолетник, двајцата од Штип, три кривични дела „тешка кражба“ од кафемати за кои е осомничен Д.Г.(38) од с.Василево, струмичко и кривично дело „тешка кражба“ од куќа за кое е осомничен Џ.И.(35) од Штип.

Поголем дел од украдените предмети се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани, а со првите тројцаосомничени бил извршен разговор во полициска станица, при што ги признале делата. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можете да прочитате

АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар

СДСМ: Владата на продолжен викенд, сега задолжително да ги прифати сите решенија на СДСМ за намалување на цените 

Денес се празнуваат Светите четириесет маченици во Севастија