Утрински Весник
Свет

Се вратив – големата објава на Доналд Трамп

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се приклучи на сопствената социјална мрежа „Вистина“ во четвртокот.

– Се вратив! – објави Трамп на социјалната мрежа „Вистина“, со фотографија пред неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.

Трамп во понеделникот изјави за Фокс њуз дека нема да се врати на Твитер и покрај тоа што Илон Маск ја купи компанијата.

Трамп рече дека наместо тоа ќе ја користи сопствената социјална мрежа како единствена платформа за својот глас, пренесува Фокс њуз.

„Не одам на Твитер“, изјави Трамп за Фокс њуз.

Социјалната мрежа на Трамп беше официјално пуштена во употреба минатиот месец.

Можете да прочитате

Тајлер Робинсонe осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Уапсен е осомничениот за убиството на Кирк, објави Трамп

Сијарто: ЕУ мора да ги прекине двојните стандарди кон Унгарија