Утрински Весник
Економија

Полска бара да се казнат земјите кои плаќаат руски гас во рубли

Dik 300x250 mk

Европската Унија треба да ги казни земјите кои плаќаат руски гас во рубли, рече полскиот министер за клима, откако Москва еден ден претходно одлучи да го прекине снабдувањето со гас за Полска и Бугарија, кои одбија да платат во руска валута.

Се чини дека членките на ЕУ се поделени околу тоа како да се плати за гас без да се прекршат европските санкции наметнати на Русија по инвазијата на Украина на 24 февруари.

Многу европски земји зависат од рускиот гас, но Полска, најжестокиот поддржувач на острите санкции против Русија, вели дека ЕУ треба целосно да го забрани купувањето на руски гас.

„Она што недостига денес се целосни санкции за гасот, со што би се решил проблемот со Гаспром“, вели Ана Москва, истакнувајќи дека проблемот е што санкциите не се почитуваат 100 отсто.

Таа ги наведе Австрија, Германија и Унгарија како главни членки на ЕУ кои се противат на построги санкции за рускиот гас.

„Сметаме дека тоа ќе биде последица за оние земји кои плаќаат во рубли и дека како резултат на тоа ќе престанат да плаќаат во руска валута“, рече Москва. Таа не прецизираше какви казнени мерки очекува Полска.

Можете да прочитате

Просечната нето плата во август 45 310 денари

УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи

Мицкоски: Потпишавме Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари