Утрински Весник
Македонија

96 санкционирани возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера биле изречени вкупно 96 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 17 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Можете да прочитате

СДСМ: Дали Мицкоски и Филков конечно ги пратија документите за екстрадиција на Груевски?

ВЛЕН: Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, архивата на ДУИ?

Хорор во кичевско: Мајка со мали деца нападната од кучиња