Утрински Весник
Македонија

Приведени четворица разбојници во Гевгелија – нападнале човек му го одзеле автомобилот, парите и мобилниот телефон

Приведени четворица разбојници во Гевгелија кои нападнале 22-годишно лице, му го одзеле возилото, пари, мобилен телефон и други предмети.

Според информациите, се работи А.К.(23) од село Прдејци, гевгелиско, Л.Б.(23) од Гевгелија, Р.В.(28) од село Стојаково, гевгелиско и С.М.И.(29) од Гевгелија.

Тие, на 26.04.2022 околу 01.00 часот на улица „Миле Пецанов“ во Гевгелија физички го нападнале Ј.К.(22) од Неготино и одзеле патничко моторно возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки, пари, мобилен телефон и други предмети кои биле во возилото.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а во текот на вчерашниот ден против лицата била поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 став 4 од Кривичниот законик, по што од судија на претходна постапка им била определена мерка домашен притвор.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Вечните „љубители на фотелји” од ДУИ не знаат да живеат во опозиција

СДСМ: Што е со законот за големите бугарско-македонски ВМРО патриоти?

ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Од -5°C, регистрирани се 30°C