Утрински Весник
Македонија

(Видео) Митева: СДСМ и ДУИ за пет години власт ја задолжија Македонија речиси колку сите влади заедно

(Видео) Митева: СДСМ и ДУИ за пет години власт ја задолжија Македонија речиси колку сите влади заедно
Dik 300x250 mk

Според информациите во јавноста, власта ќе побара од ММФ 900 милиони евра за сервисирање на основните обврски, поради катастрофалната состојба со буџетот, рече на денешната прес-конфренција, Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Партиската портаролка оцени дека состојба со долгот и во моментот е катастрофална, а сега, како што кажа, уште повеќе ќе се влошува.

„Ако долгот до сега беше над 60% од БДП, сега со новите задолжувања ќе се зголеми на над 63%. Годинава ја почнавме со надминување на психолошката граница од над 7 милијарди долг, а веројатно до крајот на годинава ќе се доближиме до нова психолошка граница од над 8 милијарди евра долг.

Оваа власт на СДСМ и ДУИ за 5 години власт ја задолжи Македонија речиси колку сите влади заедно. Кога дојдоа на власт долгот изнесуваше 4,7 милијарди евра, а сега галопирачки достигнува над 8 милијарди евра. Само во последните три години генерираа нов долг кој е еквивалентен на 1.250 евра по граѓанин“, посочи Митева која додаде дека ваквата состојба мора да се смени со нови предвремени избори.

Можете да прочитате

Метеоаларм: Можни се поплави, врнежите продолжуваат

Ана и Игор Дурловски ќе одбележат 25 години оперска кариера со новогодишен концерт во Скопје

Беличанец: СДСМ може да победи, потребна е јасна социјална политика за сите категории граѓани