Утрински Весник
Свет

Украинскиот министер Кулеба: Русија претчувствува пораз

Украинскиот министер Кулеба: Русија претчувствува пораз
Dik 300x250 mk

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека ширењето страв од страна на Русија е знак на слабост.

Оваа изјава доаѓа откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека НАТО е во војна со Русија и дека ризикот од нуклеарна војна е сериозен.

Според Кулеба, ова е показател дека Русија ја загубила последната надеж да го одвлече вниманието на светот од поддршката за Украина.

„Тоа само значи дека Москва претчуствува пораз“, додава тој.

За време на посетата на Киев во неделата, американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин ветија поголема воена помош за Украина. Стејт департментот во понеделникот, повикувајќи се на вонредната состојба, одобри потенцијална продажба на муниција во вредност од 165 милиони долари на Украина.

Пентагон соопшти дека пакетот може да вклучува артилериска муниција за хаубици, тенкови и фрлачи на гранати. Амбасадорот на Москва во Вашингтон им порача на САД да ги прекинат испораките, предупредувајќи дека западното оружје го разговара конфликтот.

 

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа