Утрински Весник
Свет

(Од минута во минута) Денеска средба меѓу Путин и првиот човек на ОН. Лавров: НАТО е вклучен во војната

(Од минута во минута) Денеска средба меѓу Путин и првиот човек на ОН. Лавров: НАТО е вклучен во војната

Денеска е 62 ден од руската инвазија на Украина

Иако Министерството за одбрана најави прекин на огнот со цел цивилите да ја напуштат фабриката за челик Азовстал во Мариупол, од Киев велат дека немало договор меѓу двете страни за хуманитарниот коридор.

Клучни податоци:

Рускиот министер Сергеј Лавров изјави дека НАТО е вклучен во војната против Русија, додавајќи дека нуклеарниот конфликт не е невозможен

Зеленски вели дека победата на Украина е неизбежна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија се обидува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна и предупреди дека заканата од Трета светска војна е сериозна и реална.

Од минута во минута

09:38 Гутереш ќе се сретне со Путин и Лавров во Москва

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска во Москва ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, по повод руската специјална воена операција што е во тек во Украина.

09:30 Кадиров нуди еден милион долари за информација

Лидерот на руската република Чеченија Рамзан Кадиров понуди награда од еден милион долари за посебни информации.

Станува збор за информацијата каде се наоѓа баталјонот на шеикот Мансур и Дудаев, за кој тврди дека им помага на украинските сили во конфликтот со Русија.

09:30 Лавров: НАТО всушност е во војна со Русија

Испораките на западно оружје во Украина значат дека НАТО е всушност вклучен во војна со Русија, а Москва го смета тоа оружје за легитимна цел, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју емитувано во руските медиуми.

08:20 Зеленски: Победата на Украина е неизбежна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање упати порака до нацијата дека победата на Украина е неизбежна.

Зеленски рече дека сè уште е невозможно да се предвиди кога војната ќе заврши.

08:05 Лавров: Опасноста е голема, ризикот од нуклеарна војна е сериозен

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија се обидува да ја отстрани заканата од нуклеарна војна и предупреди дека заканата од Трета светска војна е сериозна и реална.

Можете да прочитате

Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија

Лавров се сретна со севернокорејскиот лидер

Откриена причината за падот на авионот на „Ер Индија“