Утрински Весник
Магазин

Љубов на прв поглед: Метју Бродерик и Сара Џесика Паркер

Љубов на прв поглед: Метју Бродерик и Сара Џесика Паркер

Метју Бродерик се вљубил во Сара Џесика Паркер во моментот кога се запознале.

60-годишниот актер е во брак со Сара од 1997 година и тој признава дека нивната романса била љубов на прв поглед.

Запрашан кога станал свесен дека сака да го помине остатокот од својот живот со неа, Метју одговорил: „Првиот пат кога ја видов. Ја здогледав на улица и помислив „Тоа е тоа“.

За време на гостувањето во емисијата на Енди Кохен, Watch What Happens, Метју откри и на што најмногу се восхитува кај својата сопруга.

„Нејзиниот хумор и мудрост,“ рече тој. Парот има три деца, Џејмс (19) и близнаците Мерион и Табита (12).

Сара и Метју неодамна работеа заедно на Бродвеј во комедијата Plaza Suite на Нил Сајмон.

Можете да прочитате

Родната куќа на Хитлер во Австрија се претвора во полициска станица

Кога навистина снимаат камерите доколку ја надминеме дозволената брзина

„Погледнав во смртта и се вратив“ – потресна исповед на патникот кој висел надвор од авион на „Рајанер“ над Македонија