Утрински Весник
Македонија

КСС од денеска почнува со протести

КСС од денеска почнува со протести

Конфедерацијата на слободни синдикати од денеска до петок ќе протестира попладне од Собрание до Влада. Тие бараат усогласување на платите со минималната плата.

Како што најавија, протестот ќе се одржи од 16 до 17 часот.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски вели дека ќе протестираат се додека не бидат исполнети нивните барања.

„ Бараме да се усогласат платите со протести со најразлични притисоци, но очигледно дека нема разбирање. Затоа од утре излегуваме на улица секој ден доколку утре до 12 часот не се случи нешто, секој ден од 16 до 17 часот се до остварување на нашите барања“ изјави Ралповски.

Можете да прочитате

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица

ДОМ: Природните ресурси се подаруваат на големиот бизнис, додека граѓаните плаќаат гориво над 100 денари!

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот – невидена штета за албанската кауза