Утрински Весник
Спорт

Ридигер се сели во Реал

Ридигер се сели во Реал

Менаџерот на Челси, Томас Тухел, вчера објави дека Антонио Ридигер ќе го напушти клубот. Ден по оваа објава, познато е дека Германецот кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

„Реал има договор со Ридигер. Договорот се уште не е потпишан, но деталите се договорени. Станува збор за повеќе годишен договор“, објави новинарот Фабрицио Романо.

Ридигер има договор со Челси до крајот на сезоната, тој не ги прифати условите што му ги понуди клубот да ја продолжи соработката.

„Тој сака да го напушти клубот. Ми го потврди тоа. Јас и клубот дадовме се од себе да го задржиме, сепак не можеме да се бориме против се она што ни се случува“, рекол Тухел.

Ридигер пред пет сезони се пресели во Челси од Рома за 35.000.000 евра.

> Ридигер се сели во Реал <

Можете да прочитате

Рељиќ со бронзен медал на натпреварот Фуџарија Г-2 Опен во Емиратите 

Лазаров: Со максимален ангажман до пласман на Светското првенство

Трета европска титула за Данска