Утрински Весник
Спорт

Квартараро ја освои Португалија, Милер го „собра“ Мир!

Квартараро ја освои Португалија, Милер го „собра“ Мир!

Светскиот шампион во Мото ГП, Фабио Квартараро возеше фантастично во вториот дел од трката и ги искористи падовите на неговите ривали за да стигне до победа на Португалското ГП во Портимао, негов прв триумф во новата сезона за по пет трки да се искачи на првото место во генерален пласман.

Жоан Мир го помина францукиот сонародник на Квартараро, освојувачот на пол-позицијата, Жоан Зарко, но не успеа долго да остане на врвот – Квартараро успеа да ги помине двајцата и потоа да ја контролира трката до крајот за победа пред Зарко и Алеиш Еспархаро.

Мир, кој остана во борба за подиумот беше „собран“ од Австралиецот Џек Милер на седум круга пред крајот, додека досегашниот лидер во генерален пласман и единствен победник на две трки оваа сезона, Италијанецот Енеа Бастијанини претходно ја заврши трката со пад во 13. круг од трката.

Со победата, Квартараро е нов лидер со 69 поени, колку што има и Алекс Ринс, кој трката ја заврши на четвртото место, додека трет е Алеиш Еспархаро со 66 освоени поени. Бастијанини сега е четврт со 61 поен.

> Квартараро ја освои Португалија, Милер го „собра“ Мир! <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина