Утрински Весник
Спорт

Бунеслигата ќе го казни Модест за прославата со рекламата за неговото кафе

Бунеслигата ќе го казни Модест за прославата со рекламата за неговото кафе

Францускиот напаѓач на Келн, Антони Модест ќе одговара дисциплински откако на мечот од Бундеслигата со Арминија Билефелд го прослави својот гол со рекламирање на сопствениот бренд на кафе – делејќи бесплатни примероци на навивачите.

34-годишниот напаѓач е во одлична форма оваа сезона со 20 гола во сите натпреварувања Келн, но сега Германската фудбалска федерација (ДФБ) најави истрага за неговиот гол во 43. минута од мечот со Арминија, кога извади кесичка со неговото кафе, ја покажа на публиката, пред камерите и фотографите, за да ја фрли во публика, за на крајот на мечот да подели уште бесплатно кафе.

„Тоа беше мало благодарам за сите луѓе кои постојано ме поддржуваат. Бидејќи не можам да го дадам дресот, го давам кафето“, вели Модест.

Брендот на Модест се вика „Антони Модест Кафе“ и е направено со состојки од Бразил и Индија.

> Бунеслигата ќе го казни Модест за прославата со рекламата за неговото кафе <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина