Утрински Весник
Македонија

Средба Тренчевска-Ангелов: Соработката со Бугарија во областа на трудот и социјална заштита продолжува

Средба Тренчевска-Ангелов: Соработката со Бугарија во областа на трудот и социјална заштита продолжува

Министерката за труд и социјална политика денес се сретна со Амбасадорот на Бугарија Ангел Ангелов и неговата сопруга Билјана Ангелова. На средбата се разговараше за сензитивните предизвици кои го засегаат општеството, како што се трудовата миграција, лицата со попречености и нивното вклучување на пазарот на трудот.

„Експертите од секторот за евроинтеграции во Министерството за труд и социјална политика секојдневно работат на решенија кои се наметнуваат од предизвиците во делот на трудовата миграција. Во соработка со Бугарија ваквите заложби ги потврдивме со Акцискиот план и Меморандумот за соработка во делот на трудовата миграција. Со што беше зајакната билатералната соработка меѓу земјите која што ќе продолжи и во наредниот период“, рече Тренчевска.

Министерката истакна дека во делот на соработката на Бугарија со Северна Македонија во однос на децата со попречености е исклучително задоволна од поддршката и изградбата на Центрите за деца со аутизам во Скопје и Охрид.

„Мојот принцип на работа е правда, еднаквост и солидарност за сите без разлика на пол, род, попреченост. Затоа политиките кои ги формираме и спроведуваме се фокусирани на лицата со попреченост, подобрување на нивниот квалитет на живот и овозможување на нивните основни права и слободи. Отворени сме за секаква соработка со која ќе овозможиме овие лица да се стекнат со вештини и со тоа ќе си обезбедат место на пазарот на трудот, “ додаде Тренчевска.

На крајот од средбата Амбасадорот и неговата сопругата и посакаа на Министерката и успешна работа во наредниот период и благодарност за можноста да разговараат за идните планови за соработка.

Можете да прочитате

Муцунски се сретна со Сијарто во Виена

Македонија заслужува членство во ЕУ, смета Николоски

Двајца крадци опљачкале објект за брзи кредити