Утрински Весник
Економија

АД ЕСМ-ЕБРД: Инвестиции во обновливи извори и зголемување на финансиската ликвидност на компанијата во енегретска криза

АД ЕСМ-ЕБРД: Инвестиции во обновливи извори и зголемување на финансиската ликвидност на компанијата во енегретска криза

Состанок на високо ниво се одржа меѓу АД ЕСМ и Европската банка за обнова и развој, на кој присуствуваа членови на Управниот одбор на АД ЕСМ, предводени од генералниот директор, Васко Ковачевски, и високи претставници на банката, Анди Аранитаси, претставник за ЕБРД во Р. Северна Македонија, Анастасиос Гиаморидис, главен економист во одделот за енергија и природни ресурси за Западен Балкан и Стефан Костоски, банкар-ЕБРД.

На состанокот се разговараше за тековните проекти кои се реализираат од областа на обновливите извори, при што како особено позитивен сигнал беше издвоено пуштањето во производство на првата фотонапонска електрана во кругот на РЕК Осломеј-Кичево, финансирана во еден дел со поволна кредитна линија од ЕБРД. Раководството на АД ЕСМ и високите претставници на ЕБРД разговараа и за другите проекти кои се во тек на реализација или допрва треба да се реализираат, пред се фотонапонска електрана Осломеј 2 од 10 MW и фотонапонска електрана Битола 1 од 20 MW.

На состанокот се дискутираше и за можностите за финансирање од страна на ЕБРД кон АД ЕСМ со цел да се обезбеди зголемување на финансиската ликвидност на компанијата во услови на енергетска криза, а со тоа и зголемување на производството и сигурна и стабила испорака на електрична енергија

Можете да прочитате

Министерство за финансии исплати 785 милиони денари за поддршка на домашни компаниии

Божиновска: Општините добиваат конкретна поддршка за реализација на повеќе енергетски проекти – започнаа практичните обуки за општините

Се интензивира откупот на тутунот