Утрински Весник
Македонија

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведено едно лице

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведено едно лице

Приведен 29-годишен скопјанец, кај кого била најдена дрога.

Според информациите од МВР, синоќа во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија при претрес во домот на Ш.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

УЖАС: Цели девет месеци силувал дете под 15 години во Куманово

Земјотрес попладнево во Македонија, епицентарот на 13 километри од Охрид