Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Променливо облачно време со повремени врнежи

Променливо облачно време со повремени врнежи
Img 7972

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 1 до 5 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни во западните делови. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и услови за грмежи. В петок на повеќе места ќе дува повремено силен ветер (над 60 км/час) од јужен правец. Од утре дневните температури ќе бидат во пораст, позначителен за време на викендот кога во повеќето места температурите ќе бидат над 20 степени.

Можете да прочитате

Уапсени двајца скопјани – запалиле три возила во Аеродром

Кога новинарската анализа станува средство за политички напад

Додека Касами бара македонски гласови во Тетово, неговиот син ќе игра за фудбалската репрезентација на Албанија