Утрински Весник
Спорт

Триатлон натпревар на 14 мај во Скопје

Триатлон натпревар на 14 мај во Скопје

Триатлон клубот „Триоги Рејсинг“ го најавува вториот Триатлон натпревар Stopanska Triogy Triathlon 2022 кој ќе се одржи на 14 мај 2022 година во Скопје.

Годинава се очекува да присуствуваат 200 натпреварувачи, а потврдено е учество и на триатлонци од Хрватска, Бугарија, Турција, Србија и од Црна Гора.

Пријавувањето е до 7 мај, на следниот линк .

Оваа година натпреварувачи кои ќе бидат поделени во неколку категории, во машка и женска конкуренција и тоа:

-Деца 1, родени 2013 г. и помали

-Деца 2, родени од 2012 г. до 2010 г.

-Кадети, родени од 2009 г. до 2007 г.

-Јуниори, родени од 2006 г. до 2003 г.

-Елитна група, родени пред 2002 г.(кои ќе се борат за титулата Државен првак на
Македонија)

-Мастерс група или ентузијасти родени после 2002 г.

Триатлон натпреварот ќе се одржи на следните локации: во делот од пливањето на базенот СРЦ „Борис Трајковски“, во делот на велосипедизмот – долж булеварот
Илинден од потегот на СРЦ „Борис Трајковски“, сè до исклучувањето кон „Скопје Сити мол“ и назад по десната коловозна лента. Делот од трчањето се изведува околу паркинзите на СРЦ „Борис Трајковски“.

> Триатлон натпревар на 14 мај во Скопје <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина