Утрински Весник
Магазин

Илон Маск во контраофанзива за преземање на „Твитер“

Илон Маск во контраофанзива за преземање на „Твитер“

Контраофанзивата на Илон Маск против управниот одбор на „Твитер“ може да почне за помалку од две недели, објавија американски медиуми доцна во вторникот.

Обидот на милијардерот да го купи гигантот меѓу социјалните мрежи во обид да создаде вистинска платформа за слободен говор се искомплицира кога Управниот одбор на „Твитер“, за кој е познато дека зазема спротивен став за многу прашања со слободата на говорот, ја усвои т.н. политика „отровна пилула” и го разводни неговиот удел во компанијата и, со самото тоа, и неговата потпора.

Новински извештај што допрва треба да се потврди откри дека Маск се обидува да го заобиколи овој маневар на одборот со здружување со други инвеститори. Според извори на „Њујорк пост“, Маск и неговите потенцијални коинвеститори планираат да покренат тендерска понуда за „Твитер“ за 10 дена.

Според „Њујорк пост“, овој тим на коинвеститори ќе направи џиновска инфузија на готовински капитал.

„Коинвеститорите заедно ќе имаат повеќе капитал од Маск, но тој ќе биде најголемиот поединечен сопственик“, рече еден од изворите на весникот.

Маск може да се обиде да соработува со инвеститори, вклучително и Oracle Corp., имајќи предвид дека нејзиниот главен извршен директор, Лери Елисон, е во одборот на „Тесла“, заедно со група приватни фирми како Thoma Bravo.

Ова партнерство, според аналитичари на „Блумберг интелиџенс“, би можело да ја зголеми понудата за преземање на 50 милијарди долари.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста