Утрински Весник
Култура

Изложба на Предраг Урошевиќ – Пепи во МКЦ

Изложба на Предраг Урошевиќ – Пепи во МКЦ

Во галеријата на МКЦ на 27. април (среда) ќе биде поставена изложба на академскиот сликар Предраг Урошевиќ – Пепи (1963 – 2007).

Почеткот на настанот е закажан за 20 часот, а сите заинтересирани изложбата ќе можат да ја посетат до 12 мај.

Значајни циклуси од творештво на овој ликовен уметник се: Линија и простор, In-Out, Геопоетика, Цртање на животот, Енергија во молив.

„Главниот слоган на Пепи уште од средношколсите денови беше: ‘Треба волети уметност у себи, а не себе у уметности’. Веројатно, следејки ја таа идеја во понатамошниот живот и во неговото творење многу тешко се вклопуваше во секојдневното клише на животот. Беше автор кој тешко, а веројатно и воопшто не се вклопувше во институционалните рамки на еден успешен уметник кои беа наметнати во тоа време. Приказната за Пепи е приказна за уметник кој тешко се препознава, а за кој уште потешко се признава неговата посебност. Беше автор свртен кон себе и кон малите минливи работи. Неговата приказна нема среќен крај, туку е приказна на талентиран уметник кој не успеа да ги оствари сопствените творечки можности во полна мерка, затоа што беше заглавен во нашата провинциска кал”, вели во најавата за изложбата Роберт Урошевиќ.

Текстот Изложба на Предраг Урошевиќ – Пепи во МКЦ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“