Утрински Весник
Спорт

Јокиќ исклучен, Вориорс уште еднаш го декласираа Денвер

Јокиќ исклучен, Вориорс уште еднаш го декласираа Денвер

Голден стејт Вориорс ја забележаа втората победа во плејоф серијата со Денвер Нагетс. Вориорс убедливо славеа со 126:106. Мечот го обележа исклучувањето на Никола Јокиќ.

Ол стар триото Стеф Кари, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин ги предводеа Вориорс до победата, кои блескаа во третата четвртина.

На полувреме Вориорс имаа предност 57:51, а потоа во третиот период постигнаа 44 поени и го решија натпреварот. Во решавачката четвртина влегоа со предност 101:81.

Шансите на Денвер дека можат да се врата во натпреварот потонаа на седум минути до крајот кога Јокиќ ја доби втората техничка и мораше да го напушти теренот.

Стеф Кари постигна 34 поени, Џордан Пул 29, а Клеј Томпсон 21 поен.

Јокиќ го предводеше Денвер со 26 поени, 11 скока и четири асистенции.

Третиот меч од серијата е во Денвер, во петок, ќе започне во 4 часот по средно-европско време.



> Јокиќ исклучен, Вориорс уште еднаш го декласираа Денвер <

Можете да прочитате

Барди и Коњаспор остана без трофеј во Купот на Турција

ФИФА планира Мундијал со 66 репрезентации

Билети за натпреварот Босна и Херцеговина – Македонија достапни преку платформата на ФФМ