Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ковачевски: Одбивањето на СОНК платите да бидат покачени за 10% е уцена со која се нанесува ненадоместлива штета на учениците

Ковачевски: Одбивањето на СОНК платите да бидат покачени за 10% е уцена со која се нанесува ненадоместлива штета на учениците
300x250 opst2

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски одлуката на СОНК да ја одбие понудата за покачување на платите во образованието и предучилишното згрижување го оценува како ненадоместлива штета во образованието на учениците и отежнување на секојдневието на родителите.

„Денес започнува втората недела во која децата нема да бидат во училишните клупи. Со одбивањето на понудата за покачување на платите од 10%, СОНК реши да продолжи со уцени кои се единствено на штета на образованието на учениците и им го отежнува секојдневието на родителите.

Владата прави сериозни напори за да се избори со кризата, да ги амортизира поскапувањата и да обезбеди достоинствен живот за нашите граѓани, пред сѐ за најранливите. И во вакви тешки услови на светска криза, ние сме веројатно единствената Влада која овозможи историско зголемување на платите и пензиите и силно финансиски ги поддржа граѓаните.

И покрај сѐ, СОНК смета дека покачувањето на платите од 2.500 денари е малку. Во услови кога со антикризните мерки кои ги донесе Владата сметките на граѓаните се помали за 4.000 денари месечно. Ова едноставно не може да се смета за разумен став туку за очигледен притисок со што е евидентно дека СОНК личните интереси го става пред оние на децата.

Од 2017 година до денес, платите во образованието ги покачивме за 21%. Со овие дополнителни 10% тоа би биле 31% покачување кои за СОНК во услови на светска економска криза не се доволно. За споредба, за пет години, од 2011 до 2016 година платите во образованието беа покачени за само 4%.

Владата прави сѐ што треба за да го одржи дијалогот и да најде заеднички јазик, но барањата и односот на СОНК се целосно неприфатливи. Местото на децата е во училиштата и во оваа ситуација единствено СОНК и раководството се одговорни за тоа што тие не го остваруваат правото на образование.“, истакна Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја