Утрински Весник
Свет

Иран: Ќе го нападнеме срцето на Израел во случај на најмал потег против Исламската Република

Иран: Ќе го нападнеме срцето на Израел во случај на најмал потег против Исламската Република

„Иранските вооружени сили ќе се фокусираат на срцето на Израел доколку тој направи најмал потег“ против Исламската Република“, изјави денеска претседателот Ебрахим Раиси за време на говорот на воената парада во Техеран по повод националниот празник Денот на иранската армија.

„Ако направите и најмал потег против нашата нација, целта на нашите вооружени сили ќе биде срцето на ционистичкиот режим“, рече Раиси во телевизискиот говор.

Израел, кој Исламската Република одбива да го признае, вели дека нема да ја прифати Исламската Република како нуклеарна држава, додека Техеран и светските сили се обидуваат да го оживеат нуклеарниот пакт од 2015 година.

Можете да прочитате

Масовен протест во Киев против новиот закон за статус на исчезнатите војници

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“

Најмалку 90 лица загинаа при експлозија во рудник за јаглен во северна Кина