Утрински Весник
Свет

Гутереш: Една петтина од човештвото може да биде осиромашено поради кризата во Украина

Гутереш: Една петтина од човештвото може да биде осиромашено поради кризата во Украина

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека украинската криза може да доведе до сиромаштија и глад повеќе од една петтина од човештвото или до 1,7 милијарди луѓе.

„Сите ја гледаме трагедијата што се случува во Украина. Но, надвор од нејзините граници, војната започна тивок напад врз светот во развој. Кризата може да турне до 1,7 милијарди луѓе, или повеќе од една петтина од човештвото, во сиромаштија и глад на вага што не е видена со децении“, изјави Гутереш за чешкиот портал „Листа зправи“.

Тој потсети дека Украина и Руската Федерација учествуваат со 30 отсто во светското производство на пченица и јачмен, со петтина во производството на пченка и повеќе од половина од сончогледовото масло, пренесува РИА Новости.

Можете да прочитате

САД воведоа нови царини кон 60 држави

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море