Утрински Весник
Македонија

Османи и Петков ја посетија станицата Битола 2 на МЕПСО

Османи и Петков ја посетија станицата Битола 2 на МЕПСО
Dik 300x250 mk

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со Директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани остварија работна средба со владината делегација од Република Бугарија предводена од Премиерот, Кирил Петков и Министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска кои се во посета на земјава.

Делегациите ја посетија трансформаторската станица Битола 2 на АД МЕПСО, кој енергетски ги поврзува Република Северна Македонија и Република Албанија, и преставува дел од поширокиот инфраструктурен проект за енергетско поврзување, дел од Коридорот 8.

„Оваа инвестиција ќе преставува уште еден капитален енергетски проект, дел од Коридорот 8 , преку кој сите земји ќе имаат бенефит: Република Северна Македонија – да овозможи транзит и дополнителна диверзификаија на снабдувањето со електрична енергија; Република Албанија ќе добие пристап до изворите на енергија во Северна Македонија и Бугарија; додека Република Бугарија ќе добие можност да ја поврзе својата мрежа со најзападните делови на Балканот, и со тоа можност да го понуди вишокот на електрична енергија и на европскиот пазар“, истакна Османи, посочувајќи дека се работи за опипливи и мерливи придобивки, особено во денешните околности, кога енергетското снабдување станува посебно важно геополитичко прашање.

„Се надевам дека во иднина не чекаат бројни вакви посети на градилиштата на пруги, на автопати, на нови гранични премини, како што беше промоцијата и на новата авио линија меѓу Скопје и Софија“ истакна Османи, изразувајќи притоа уверување дека е тоа најдобриот начин да се стави поголем фокус во меѓусебната соработка на иднината отколку на минатото.

Можете да прочитате

Забрчанец: Граѓаните и фирмите го поддржуваа, а властите се откажаа од Отворениот Балкан

Костадинов за МТВ: Субвенцијата за новореденче во Валандово ќе се зголеми од 5.000 на 30.000 денари

Кумановка дала 2000 евра за патување – останала дома и без пари