Утрински Весник
Спорт

Чеферин: Руските спортисти не треба да трпат последици поради војната во Украина

Чеферин: Руските спортисти не треба да трпат последици поради војната во Украина
Dik 300x250 mk

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, најави дека наскоро ќе биде донесена одлука поврзана со настапите на руските клубови во натпреварувањата кои се под капата на УЕФА.

Во интервју за мариборскиот „Вечер“, Чеферин потенцирал дека спортот не треба да трпи поради одлуки што ги носат поединци и дека УЕФА морала да донесе некои одлуки поврзани со настапите на руските спортисти и клубови.

„УЕФА наскоро ќе донесе одлука дали руските клубови ќе можат да настапуваат во европските натпреварувања“, рекол Чеферин.

Првиот човек на УЕФА смета дека русите спортисти не се виновни за војната во Украина и дека УЕФА треба да покаже дека санкциите не се насочени кон руските спортисти и рускиот народ.

> Чеферин: Руските спортисти не треба да трпат последици поради војната во Украина <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс