Утрински Весник
Македонија

Викендов преговори за враќање на децата на училиште и во градинка од понеделник

Викендов преговори за враќање на децата на училиште и во градинка од понеделник

Претставниците од Синдикатот за образование и наука и Владата викендов ќе преговараат со цел да се најде заемно прифатливо решение за зголемување на платите во образованието и предучилишното воспитување и згрижување. Со тоа би завршил штрајкот, а децата би се вратиле на училиште.

Од Владата вчера информираа дека во наредните денови ќе се утврди процентот за зголемување на платата што ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на буџетот по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишното воспитување и згрижување во градинките.

На состанокот во Владата дополнително се разговараше веднаш да почне сеопфатен дијалог, со активно учество на Синдикатот за трајно решавање на континуираниот раст на платите.

Владата истакна дека е отворена за дијалог за постигнување систем за раст на платите, кој нема да биде условен и предизвикуван од штрајкови и незадоволства и со кој ќе се обезбеди модел за раст на платите во јавниот сектор, кој, како со договорот за минималната плата, ќе се врзе за порастот на просечната плата и со порастот на трошоците за живот.

Можете да прочитате

Инцидент во дом деца во Центар: 15-годишен штитеник се обидел да обљуби друго дете

Филипче: За две години Мицкоски ја задолжи државата за нови 2,5 милијарди евра

Тешко повредено петгодишно дете, 12-годишник го удрил со електричен тротинет