Утрински Весник
Свет

Шефот на ЦИА: Путин е очаен

Шефот на ЦИА: Путин е очаен

Шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, рече дека руската закана за потенцијална употреба на нуклеарно оружје во Украина не може да се сфаќа лесно, но и дека ЦИА не видела многу докази за да ја зголеми загриженоста.

Говорејќи пред студентите и професорите на Технолошкиот институт Џорџија, тој зборуваше за потенцијалниот очај и неуспеси со кои се соочува рускиот претседател Владимир Путин, чии сили претрпеле, како што рече, големи загуби и биле принудени да се повлечат од делови на Украина откако не успеале да го заземат Киев.

„Со оглед на потенцијалниот очај на претседателот Путин и руското раководство, со оглед на ќор-сокакот со кој се соочија досега, во воена смисла, никој од нас не може лесно да ја земе заканата од потенцијалното прибегнување кон тактичко или нуклеарно оружје со ниски перформанси“, рече тој додавајќи дека САД не виделе „многу практични докази“ за вистинското распоредување што би предизвикало поголема загриженост.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока