Утрински Весник
Култура

„Филмотопија“ нова книга од Игор Анѓелков

„Филмотопија“ нова книга од Игор Анѓелков

Утре, од печат ќе излезе книгата со филмска есеистика „Филмотопија“ од Игор Анѓелков, со што авторот на најдобар можен начин ја заокружува трилогијата составена и од книгите „ФИЛМ.МКД“ (2015) и „Филмски град“ (2018).

Анѓелков продолжува ревносно да ја следи филмската продукција кај нас и во светот, и низ рецензентски и есеистички осврти на публиката навремено ѝ нуди увид во случувањата во филмската уметност.

Низ неколку поглавја, во книгата се покриени филмовите од новата македонска продукција, новото европско кино, светската продукција, тука се и секогаш интересните фестивалски случувања кои авторот ги покрива со присуство и искуство на самото место, а во последното поглавје авторот остава простор за класикот Алфред Хичкок.

Со оваа книга Анѓелков на одличен начин пополнува еден празен простор во македонското издаваштво, издавајќи книги посветени на филмот, изданија кои, за жал, во годините наназад, можат да се набројат на прсти.

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Со „Филмотопија“ тој ја заокружува трилогијата со филмска есеистика која ги вклучува и книгите „Филмски град“ (2018) и „Филм.мкд“ (2015), за која ја доби државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“. Анѓелков е автор и на прозните книги, збирката раскази „Кротки приказни“ (2006) и романите „Крај-пат“ (2010), „Фото синтеза“ (2013) и „Шрапнел“ (2020)

Текстот „Филмотопија“ нова книга од Игор Анѓелков е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“